Суарез: Не го заслужив начинот на кој ми кажаа дека не сум им потребен повеќе во Барса

Фудбалската јавност минатото лето беше изненадена од потегот на Луис Суарез, но пред се и на Барселона, да го продаде Уругваецот.

Суарез неколку години играше во фантастична форма во Барселона, па затоа одлуката тој да биде продаден од клубот дојде како големо изненадување за сите.

Уругваецот во солзи го напушти „Камп Ноу“, бидејки неговата намера беше и понатаму да остане и да се бори во дресот на Барселона, но поради Роналд Куман, тој беше продаден.

Но веројатно во Барселона сфатија дека погрешија со таа одлука, гледајки ја актуелната форма на Суарез.

Сметам дека заслужив многу повеќе почит во клубот и од луѓето со кои бев секој ден заедно. Начинот на кој ми беше соопштено дека веќе не сум им потребен беше лош. Никој во Барселона не го договори мојот трансфер во Атлетико, тоа беше исклучиво моја идеја и одлука, да им докажам дека можам уште на високо ниво“, истакна Суарез.

Доколку Атлетико ја освои титулата, на Барселона сигурно ќе им биде јасно дека направија колосален потег  на нивна штета.