Суарез го раскажува најлошиот ден во кариерата – ден по драмата на Енфилд оваа година

Луис Суарез реши да прокоментира за понижувањето и поразот од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.

На Барселона втора сезона по ред и се случи да биде елиминирана во подоснежната фаза од ЛШ, притоа имајки три гола предност по првиот домашен натпревар.

Прво им се случи Рома, а сега и Ливерпул, а уругвајскиот фудбалер открива дека сакал да пропадне во земја од срам.

„Денот кога се вративме во Барселона по поразот од Ливерпул, беше еден од најлошите моменти во мојата кариера, сакав да исчезнам од овој свет. Не сакав дури ни да ги земам моите деца од училиште, сите можеа да ја видат мојата ситуација, не сакав да правам ништо тие денови, ми беше многу тешко“.

„Кога го примивме првиот гол, незнаевме како да реагираме, се плашевме да не „зарибаме“. По мечот во соблекувалните беше тотален молк, никој ништо не зборуваше, владееше големо разочарување, имавме ужасна слика пред нашите глави“, изјави Суарез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресврт во Париз, Нејмар ги изнел своите барања до ПСЖ

Французинот пресече: Пол погба донесе конечна одлука!

Дали ќе биде тренер на Јувентус? Па Челси го нема уште ослободено од договорот

На свадбата на Рамос денеска, освен Роналдо, не беше присутно уште едно големо име

Гулит за проблемот на Милан последните неколку сезони

Имаше одлична сезона во Арсенал – но сака да си замине поради својата девојка

Откриено колку цигари на ден пуши Сари

(ВИДЕО) Ѕвездата на Јувентус се снимаше со гола жена во кревет !?

Почина човекот кој за малку не го однесе Вардар во ЛШ