Сцена која најдобро ја отсликува атмосферата во Барселона

Барселона повторно не успеа да победи. Овој пат Атлетико Мадрид успеа да извлече бод на „Камп Ноу“. Титулата е се подалеку од „Камп Ноу“, а се поблиску до Реал Мадрид.

Цела сезона атмосферата во Барселона е траорна и тензична, а последните денови работите се на работ да еруптираат. По сите случувања, порази, афери и пропаднати транфери, во последните месеци на сето тоа се додаде и отказот на Валверде, пристигнувањето на Сетјен, изјавите на Бартомеу и Абидал, а сето тоа влијае катастрофално врз екипата.

Впечаток е дека Кике Сетјен ја загуби почитта кај играчите, особено кај најголемите ѕвезди. Лионел Меси во саботата го игнорираше помошникот Едер Сарабија додека овој се обидуваше да му даде совет, а и во мечот против Атлетико можеше да се види дека некои работи не функционираат.

Scena koja najbolje oslikava kakva atmosfera vlada u Barceloni

При паузата за освежување играчите на Барселона воопшто не се собраа заедно, не разговараа меѓусебно со намера да направат договор за продолжението од натпреварот и да ги исправат грешките.

По говорот на телото може да се примети како Сетјен беспомошно седи крај аут-линијата, додека некои играчи како Луис Суарез и Лионел Меси повеќе гледаа кон клупата на Атлетико, отколку што водеа сметка за себе.

На другата страна, целосна спротивност. Сите играчи на Атлетико се собраа околу Диего Симеоне и внимателно го следеа секој негов совет, но и критика.

Мечот заврши со 2:2, па Реал Мадрид вечерва ќе има шанса да замине на плус 4 во однос на Каталонците. „Кралевите“ утре го пречекуваат Гетафе.