Стравична несреќа: Загина најубавата рели натпреварувачка

Младата шпанска натпреварувачка во рели Лора Салво (21) го загуби животот во несреќа што се случи за време на трката Видеиро Центро во Португалија.

Убавата Лора беше совозач на Микел Сосијас во тимот на „Peugeot Rally Cup Iberica“. Во еден момент, Микел изгубил контрола над возилото, удрил во друг автомобил, а потоа слетал од патот и удрил во дрво.

Медицинските служби пристигнале на местото на несреќата по две минути. Лора беше заробена во разбиениот автомобил, тие успеаја да ја ослободат и да ја стабилизираат за кратко време. Хеликоптер веднаш бил испратен на местото на несреќата, но Лора не го дочекала. Срцето на младата девојка престана да чука 15 минути по несреќата.

Сестрата на Лора, Марија Салво е исто така познат шпански возач на рели. Тие ја наследиле својата љубов кон адреналинските трки од нивниот татко Габриел, кој исто така бил успешен возач на рели.