Страв и трепет за сите ривали – Новак фуриозно во полуфинале

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште еден извонреден меч на овогодинешниот Австралија Опен.

Два дена по убедливиот триумф над Австралиецот Алекс Де Минор, Ноле денеска во ист стил во четвртфиналето играше против рускиот тенисер Андреј Рубљев, моментално шести на АТП листата, кој по овој турнир ќе влезе во Топ 5.

Нивниот дуел траеше два часа и четири минути, а Новак Ѓоковиќ триумфираше со 3:0, по сетови 6:1, 6:2, 6:4 и рутински се пласираше во полуфиналето.

Таму го чека Американецот Томи Пол, кој рано утринава по наше време го победи сонародникот Бен Шелтон со 3:1 во сетови.