Страшно видео: Велосипедист загина на автопат во Колумбија по ударот од камион

Колумбискиот велосипедист Еган Бернел објави шокантно видео од незгодна случка на автопат во Колумбија.

На снимката може да се види како еден возач на камиот, удира во велосипедист, кој притоа паѓа од мост во сосема друга лента каде исто така се вози, но во друг правец, па дури и не застанува да види што е со велосипедистот.

Од падот под мостот, велосипедистот кој возеше по страна, починал на лице место, а возачот на камионот не чувствуваше дека треба да застане ипомогне.

И така се завршува нечиј живот. Каква тага и немоќ имам кога го гледам ова. Се надевам дека ќе има правда за ова. Мое сочувство до семејството на загинатиот колега“, напиша Бернел.