Страшни сцени од Германија: Тежок пад на мотоциклист од Шпанија – не можеше да стане

Ужасните сцени ни доаѓаат од Сашсенринг каде се вози трката во Мото ГП за ГП на Германија.

Шпанскиот мотоциклист Пол Еспаргаро доживеа тежок пад.

На почетокот изгледаше многу лошо бидејќи Еспаргаро не можеше да стане.

Но, со помош на редарите и луѓето околу патеката успеа да стане, а степенот на повредите ќе се знае откако ќе му бидат извршени лекарски прегледи.

За Еспаргар тоа беше втора пад во денот – двата пати падна во првиот свиок од трката на германската патека.

Споменатиот мотоциклист вози за тимот на Хонда и во генералниот пласман на Мото ГП е на 15-то место со 40 бодови.