Страшни малери сме: Грција оди во осминафинале со три бода, Македонија елиминирана со шест

Македонската одбојкарска репрезентација воопшто немаше среќа на својот дебитантски настап на Европските првенства.

Во комбинација со неискуството ги загубивме првите два дуела од кои особено беше болен оној против Финска кој на крајот не чинеше пласман во осминафиналето. Но, откако заврши групната фаза, можеме да заклучиме дека бевме многу големи малери и само поради не одиме натаму.

Грчката репрезентација го освои третото место во групата А и ќе игра во осминафиналето, а ние со шест бода се вративме дома. Грците ја победија само Романија, а во кругот со Романија и Португалија (сите се победија меѓу себе и имаат идентична гол-разлика) одат натаму само поради тоа што првата буква од името (Г) е пред П и Р во абецедата.

Ние освоивме шест бода, исто колку Шпанија од групата Б, Финска од нашата група и Чешка од групата Д.