Страшна увертира за финалето: Тепачка и нереди на улиците во Тирана, тешко повредени двајца полицајци

Страшна увертира пред финалето на конференциската лига на УЕФА меѓу Рома и Феенорд што се игра вечерва од 21 часот во Тирана.

На улиците на главниот град на Албанија настана тотален хаос кој го предизвикаа навивачите на Феенорд, а во едно од кафулињата се судрија со локалното население.

Приврзаниците на Рома, кои имаа свое шоу и во Тирана, не мируваа, а нередите и тепачките биле жестоки, па според пишувањето на албанските медиуми, повредени се 60 полицајци, од кои двајца потешко.

Проблем за полицијата и специјалците не биле само гостинските навивачи, туку и локалното население кое од ним познати причини започна пресметка со група хулигани од Ротердам.

Не е првпат слични ситуации да се случуваат на улиците пред големото европско финале. Минатата недела полицијата во Севиља спречи голема пресметка меѓу навивачите на Севиља и Ренџерс во пресрет на финалето на Лига Европа.

Хулиганите кои направија хаос во Тирана во текот на ноќта се приведени во полициска станица, а за нив сигурно нема да има место на стадионот во вечерашното финале.