Страшна партија на Србинот: Јокиќ за голема победа на Денвер

Денвер Нагетс го совлада Лос Анџелес Клиперс со 111: 98 и ја израмни полуфиналната серија на Западната конференција на 3-3.

Откако направија пресврт во серија од 3-1 против Јута Џез, се чини дека на повидок е уште една голем пресврт откако ивечерва ги победија Клиперс и се вратија во игра за финалниот натпревар.

Клиперси ја имаа победата во свои раце. Водеа со 19 поени предност во третиот период, но потоа Нагетс започна да игра.

Никола Јокиќ и компанијата ја зацврстија одбраната, офанзивно погодуваа речиси се, целосно го престигнаа Клиперс во остатокот од играта и дојдоа до победата.

Неверојатниот Јокиќ го заврши мечот со 34 поени, 14 скока и седум асистенции, а Џамал Мареј додаде 21. Пол Џорџ, пак, постигна 32, а Каваи Леонард 25, но од многу слаб процент на шутови.