Стоилов: Во сабота по мечот, се надевам дека Карачиќ ќе плаче

Вардар има исклучително тежок испит ова коло во Лигата на шампионите, во Скопје доаѓа силниот Кјелце.

На денешната пресконференција, тренерот Кокшаров и капитенот Стоилов дадоа свое мислење за мечот во сабота.

Кјелце е секогаш незгоден тим и не очекува тежок натпревар. Тие се голем ривал кој сакаме да го добиеме, а се надевам дека ќе имаме голема поддршка од навивачите. Имаме доста повредени ракометари во тимот, така да воопшто нема да биде лесно. Се надеваме на победа и се надевам дека Карачиќ ќе плаче по натпреварот“, рече капитенот Стоилов.

Тежок меч пред нас, имаме проблеми со повредените играчи. Незнам кој ќе игра има повредени, ја следиме состојбата и утре ќе се знае кој ќе игра в сабота. Сите сакаат да играат, но доколку не се подготвени, нема да бидат дел од тимот против Кјелце“, рече Кокшаров.