Стоилов се запиша во историјата на македонскиот ракомет

И покрај тоа што загуби на премиерниот меч на ЕП од Словенија, македонската ракометна репрезентација одигра навистина квалитетно и храбро против големиот фаворит. Самиот натпревар имаше големо значење за нашиот пикер Столе Стоилов, иако не успеа да слави против Словенија.

Пивотменот на Вардар со денешниот настап против Словенија стана играч со најмногу натпревари во дресот на Македонија во историјата на европските првенства.

Нашата репрезентација е дел од континенталните шампионати од 2012 година, а Стоилов со денешниот настап успеа да ги прескокне Дејан Манасков и Борко Ристовски кои имаат по 28 настапи. Веднаш зад нив е селекторот и капитенот Кире Лазаров со 27 погодоци, но веројатно ќе остане на оваа бројка, бидејќи најави дека ќе се пензионира по крајот на сезоната.