Стјуардите проценија дека виновник е Верстапен: Холанѓанецот доби казна

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заработи казна од страна на ФИА по трката во Италија, каде имаше неверојатен инцидент со директниот ривал за титулата, Луис Хамилтон.

Имено, по излегување од боксот на Хамилтон, Верстапен се чинеше дека ќе ја загуби позицијата, благодарение на тоа што во боксот го задржаа цели 11 секунди поради проблем со предниот десен пневматик, но добро извозаниот круг потоа, му дозволи на Верстапен веднаш по излегувањето од бокс на Хамилтон, да бидат во егал позиција.

Токму таа егал позиција ја испроблематизира трката, бидејки во првиот свиок од патеката, Верстапен во битка за борба, тргна во напад, го мина делот каде што не е дозволено за претекнување и во целата таа мешаница, удри во болидот на Хамилтон, по што болидот на Холанѓанецот се подигна и заврши врз болидот на Хамилтон.

Благодарение на Хало системот на болидите, Хамилтон остана жив инаку тешка ќе беше ситуацијата, затоа што пневматикот на Верстапен ќе завршеше над главата на Хамилтон.

По трката, стјуардите проценија дека виновник за тој инцидент е Верстапен, па на следната трка, тој ќе мора да назадува три позиции на трката.

Следната трка се вози во Сочи за две недели, каде се очекува Верстапен да ја одработи казната.