Стигнаа резултатите, дефанзивата на Барса е најголемата главоболка за Куман

Фудбалерите на Барселона, Жерар Пике и Сержи Роберто поради повреди ќе го пропуштат мечот со Динамо Киев во Лигата на шампионите, соопштија од таборот на каталонскиот тим.

„Жерар Пике и Сержи Роберто се повредија во саботата, во поразот од 0:1 од Атлетико Мадрид. Пике го истегна внатрешниот страничен лигамент и делумно го повреди предниот вкрстен лигамент на десното колено, додека Роберто искина мускул на десниот бут“, се наведува во соопштението.

Како што се наведува, неизвесно е колку Пике ќе отсуствува, додека Роберто ќе паузира околу два месеци.

Пике и Роберто оваа сезона одиграле по 10 натпревари во сите натпреварувања.

Барселона во вторник од 21 часот ќе гостуваат против Динамо Киев, во четвртото коло од Лигата на шампионите.