Стигна закана за Ѓоковиќ: Не од Надал, не од Федерер, туку од – Зверев!

Младиот германски тенисер Александар Зверев се надева дека вистинскиот почеток на сезоната за него ќе биде означен со турнирот Вимблдон.

Досега немаше некои успеси, стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, се наоѓа на петтото место на АТП листата со 8000 бода помалку од Ѓоковиќ, но тврди дека до крајот на сезоната ќе биде прв.

„До крајот на годината, ако победам на сите натпревари на кои ќе играм, ќе бидам прв. Мислам дека напредував последните недели и тоа е причина поради која сега играм добро“, рече Зверев.