Стевче Стефановски доби функција во РК Еурофарм Пелистер

Од редовите на РК Еурофарм Пелистер со официјално соопштение преку својата клубска страна информираа:

Со огромно задоволство ја информираме спортската ракометна јавност дека поранешниот селектор на македонската ракометната репрезентација, прославениот голман и поранешен тренер на РК Пелистер, Стевче Стефановски е именуван за координатор на сите младински категории во РК Еурофарм Пелистер.

Воедно, Стевче Стефановски ќе биде и дел од Одборот на директори на РК Еурофарм Пелистер.

Управата на клубот постигнатиот договор со Стевче Стефановски го оценува како еден огромен чекор напред во унапредување и подобрување на работата со младите категории во нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење и искуство значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот во работата со младинските категории и ќе осигура вистинска иднина на ракометот во нашиот град.