Штербик: Не знам колку ме сакат, но знам дека сигурно ме мразат

1749

Актуелниот голман на Вардар и чувер на мрежата на актуелниот европски првак Шпанија, Арпад Штербик даде обемно интервју за телевизијата „Спортклуб“. Штербик зборуваше на многу теми и тоа доста отворено, меѓу кои најинтересна беше онаа за промена на репрезентацијата.

„Не знам колку луѓето ме сакат, но знам сигурно дека многу ме мразат. Така е како што е. Го знам тоа од искуство. Сосема е нормално искрените и нормални луѓе да се радуват на туѓ успех, а мене ми е мило што децата во Србија ме следат и што еден ден сакат да бидар Арпад Штербик, Даниел Шариќ или некој сосеме трет“, изјави Штербик.

Арпад со пофални зборови говореше и за Вардар како и за целокупниот ракомет во нашата држава за кој има високо мислење.