Стефанос Циципас ја исфрли мајка си од трибините поради бизарна причина

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас секогаш ја има поддршката од неговиот татко Апостолос, кој е и негов тренер, и неговата мајка Јулија Апостоли, која и самата беше играчка, а сега му е советничка.

Тие двајца го следат Циципас на сите натпревари и се обидуваат да му помогнат, а тоа беше случај и вчера во полуфиналето во Рим.

Циципас ги одмери силите со Даниил Медведев, кој победи во два сета со 7:5, 7:5 и избори големо финале против Холгер Руне, кој претходно многу потешко го доби мечот против Норвежанецот Каспер Руд.

Во единаесеттиот гем од првиот сет Циципас беше скршен, а момент подоцна Русинот го доби својот сервис и победи со 7:5. Потоа следеше интеракцијата помеѓу Циципас и неговите родители. Јулија му даде неколку коментари на својот син. Не би било чудно ништо тоа ако тоа не го кажше на Руски. А сепак ривалот на Гркот – Даниил Медведев е Русин.

Ваквото однесување на мајката многу го вознемири Циципас. Кога имаше уште една пауза помеѓу натпреварите, тој имаше неколку зборови за неа.

„Воопшто не ме разбирате“, рече овогодинешниот финалист на Австралија опен. И не само тоа – ја замоли мајка си да ги напушти трибините.

Јулија Апостоли до половина го послушала својот син, бидејќи се преселила на место каде повеќе не можела да контактира со синот.