Стефан Ристовски во тимот на сезоната во Хрватска!

Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски е избран во тимот на сезоната ХНЛ. Фудбалскиот синдикат во Хрватска по дванаесетти пат ги додели наградите „Трофеј Ногометаш“ со гласови од многу фудбалери и тренери.

Во првенството на Хрватите оваа сезона Ристовски одигра 26 натпревари и запиша две асистенции, а вреди да се напомене дека половина сезона играше и како стопер. Покрај тоа, Македонецот одигра уште три натпревари во Купот на Хрватска, осум во Конференциската лига и уште шест низ квалификациите за европските купови – вкупно 43.

Меѓу најдобрите во сезоната се најдоа шест фудбалери на Ријека, пет на Динамо, како и еден од Осијек.

Најдобрите единаесет фудбалери во ХНЛ оваа сезона: 

Недиљко Лабровиќ (Ријека), Бруно Года (Ријека), Стјепан Радељиќ (Ријека), Нико Галешиќ (Ријека), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Тони Фрук (Ријека), Мартин Батурина (Динамо Загреб), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Бруно Петковиќ (Динамо Загреб), Марко Пјаца (Ријека), Рамон Миерез (Осијек).

Оваа организација го одбра повторно Лука Модриќ како најдобар хрватски фудбалер, Доминик Ливаковиќ за најдобар голман. Признанија на лигашко ниво добија и тренерот на Динамо Сергеј Јакировиќ, како и напаѓачот Бруно Петковиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО