Став со кој многумина нема да се согласат: Надал ќе освои уште три трофеи на Ролан Гарос

Патрик Мекинро верува дека Рафаел Надал е во ситуација да освои уште барем три гренд слем титули на Ролан Гарос во Париз.

Таквиот став е поприлично офанзивен, посебно ако се земе во предвид дека минатото финале Надал го загуби на својата омилена подлога, а друг проблем е што годините веќе го газат и доаѓа нова генерација тенисери.

Надал по загубеното финале во Париз паузираше и на крајот сезоната ја заврши со повреда.

На прашање до Мекинро, дали Шпанецот би можел да освои уште некој трофеј во иднина, Мекинро одговори:

Доколку биде здрав, Надал сигурно освојува уште еден, два, можеби и три трофеи на Ролан Гарос. Тоа е разумна претпоставка. Меѓутоа, тешко е да се верува дека Надал би можел да слави на некој од другите слемови“, смет аМекинро.