Статистиката не лаже: Кои екипи се фаворити во Лигата на шампионите?

Тотенхем ќе игра против Манчестер Сити, Ливерпул е фаворит во мечот против Порто, Манчестер Јунајтед и Барселона го сочинуваат третиот пар, а Јувентус има мала предност против АЈакс кој сигурно не треба да биде отпишан бидјеќи веќе направија едно изненадување.

Јувентус – Ајакс

– Кога станува збор за мечот меѓу Ајакс и Јувентус, Ајакс никогаш не остварил победа во Лигата на шампионите против Јувентус. Запишале четири порази и едно реми.

– Ова ќе биде прв натпревар на овие две екипи во оваа фаза од натпреварувањето уште од полуфиналето кое го играа во 1996. година, кога Јувентус славеше со 6:2.

– Кристијано Роналдо во Лигата на шампионите постигнал седум гола против Ајакс, а повеќе постигнал единствено против Баерн (девет) и против својот сегашен клуб Јувентус (десет).

– Масимилијано Алегри никогаш во Лигата на шампионите не го победил Ајакс, против нив има три ремија и еден пораз.

Ливерпул – Порто

– Ливерпул никогаш не загубил од Порто, имаат три победи и три ремија.

– Ливерпул секогаш минувал понатаму кога за противник имал клуб од Португалија.

– Садио Мане својот единствен хет-трик во Ливерпул го запиша токму во Лигата на шампионите против Порто.

– Порто минатата сезона беше елиминиран токму од Ливерпул со вкупни 5:0 за тимот од Англија.

Тотенхем – Манчестер Сити

– Ова е прв меѓусебен двомеч во Европа за Тотенхем и Манчестер Сити

– Манчестер Сити минатата сезона од ЛШ беше елиминран токму од англиски тим, и тоа од Ливерпул.

– Последните три натпревари меѓу овие две екипи завршија со победа на Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед – Барселона

– Ова ќе биде прв натпревар на овие две екипи уште од финалето кое го играа во 2011. година, а кое Барселона го доби со 3:1.

Манчестер Јунајтед никогаш не остварил победа на гостување кај Барселона. Имаат два порази и две ремија во четири одиграни натпревари.

– Барселона загубила само два од 41 домашни натпревари во Европа против клубови од Англија. Имаат 27 победи, 12 ремија и 2 порази, а двата им се случија од Ливерпул.

– Лионел Меси постигнал 22 гола во ЛШ против клубови од Англија. Тоа е повеќе од било кој друг играч во ова натпреварување. Против Јунајтед постигна два гола.

– Ова ќе биде првпат Солскјер да доаѓа на „Камп Ноу“ како играч или како тренер уште од 1999. година кога во финалето од ЛШ постигна еден од двата гола во судиското надополнување за триумф над Баерн Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клоп открива што треба да се стори во финале, за да слават во ЛШ против Тотенхем

Резултатите денеска во Серија А не ветуваат ништо добро за Џенова и Горан Пандев

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна