Македонската фудбалска репрезентација има предност по првите 45 минути против Англија на арената „Филип втори“ со 1:0.
Иако помалку и неочекувано, според оскудната статистика која ја имаме по првиот дел, но сепак, Македонија води против репрезентацијата на Англија.
Предноста на Македонија се случи во самиот финиш од првиот дел, кога беше одработен пад во опасната зона на Англија, по што беше доделен пенал, кој го шутираше Енис Барди.
Тој на прва промаши, но одбиената топка успеа да ја смести во голот на гостите. Сето ова беше избоксувано во ВАР собрата по гледањето на спортната ситуациј, кога младиот Рико Луис, кој всушност дебитира вечерва за Англија, го удри во лице Бојан Миовски.
🚨🚨| GOAL: Bardhi scores the rebound after his penalty gets saved!
North Macedonia 1-0 England pic.twitter.com/zm6OusBQXL
— TTS. (@TransferSector) November 20, 2023