Стартува новогодишниот турнир во мал фудбал – Есперо Гевгелија (2019)

Утре стартува турнирот во мал фудбал во Гевгелија, Есперо 2019 година.

Турнирот кој има долга традиција во градот Гевгелија, но во минатото беше подзаборавен, а сега со помош на група ентузијасти и спортски работници, со помош на општината и повеќе спонзори од градот, втора година по ред, го оживуваат духот на овој турнир, кој памети натпревари уште во Југославија.

Низ историјатот се натпреварувале екипи од целата наша држава.

Ова се ждрепките кои вчера беа извлечени пред почетокот на турнирот, а подолу на фотографијата може да го видите и наградниот фонд на турнирот.

Натпреварите започнуваат утревечер со почеток од 19 часот во спортската сала „26 април“ Гевгелија.

1. место – 120.000 денари
2. место – 80.000 денари
3. место – 40.000 денари
4. место – 20.000 денари