Стартот на Формула 1 во опасност поради најголемата катастрофа во поновата историја

Раководството на Формула 1 постојано ја следи ситуацијата во Австралија каде повеќе од еден месец беснеат невидени пожари.

Последиците се тешки, уништени се полиња со површина колку три Македонии, а уште нема надеж дека пожарите ќе престанат. До Ф1 викендот во Мелбурн остануваат уште повеќе од два месеца, тој ќе се одржи од 13 до 15 јануари, но ситуацијата во државата е катастрофална и можно е тој да се откаже или да се одложи за некои подобри времиња.

Меѓу другото, претставници на Ф1 се и во постојат контакт со организаторите на трката. Во моментов и воздухот на австралискиот континент е исклучително загаден што дополнително ја влошува ситуацијата.