Стам раскажа нешто кое не го знаевме: Само што пристигнав во Лацио, првиот повик беше од Манчестер

Поранешниот холандски дефанзивец од редовите на Манчестер Јунајтед, Јап Стам, за медиумите открива анегдота од минатото.

Стам како што знаете, сам за себе знае да каже дека Фергусон го продал буквално на пумпа близу Манчестер, каде и му соопштил дека го посакуваат во Лацио, а сега открива дека една ѕвезда на Јунајтед се обидел да го спречи неговиот трансфер, тоа бил Дејвид Бекам.

Само што пристигнав во Рим, ми звони телефонот, на линија беше Дејвид Бекам, ми рече дека цела соблекувална зборувала за мојот трансфер и дека повеќето се сложиле дека требало да останам во разговор со клубот. Моето заминување беше потешкотија за сите, никој не го очекуваше тоа. Убаво беше тоа што го слушнав од Бекам, дека соблекувалната ме посакувала да останам, тоа е убаво кога ќе го слушнете. Но во одреден период пред да заминам од Манчестер, чувствував дека сепак можеби е време да заминам“, открива 47 годишниот Јап Стам.

Инаку, Јап Стам беше дел од „црвените ѓаволи“ три сезони и беше дел од шампионската генерација која освои тројна круна во 1999 година.