Српската тенисерка Наталија Стевановиќ преживува хорор откако доживеа пораз во квалификациите за турнирот во Гвадалахара.
Таа е поразена од Американката, Марија Матеас со 0-2, а гневот го предизвикала поради тоа што во вториот сет водела со 5-2. Веројатно луѓе кои се занимаваат со обложување загубиле многу пари по што следувале грозни пораки кон неа и закани на социјалните мрежи, сметајќи дека Стевановиќ намерно загубила. Да биде уште поинтересно, оние што се закануваат не го ни кријат својот идентитет.
„Што да кажам по ова? Дали би требало да се загрижам за својот живот само затоа што загубив по повреда: Спортистите даваат се од себе на теренот и ваков вид закани се нешто премногу сериозно. Го пишувам ова првпат бидејќи сум уморна од вакви пораки, дури и по победи“, напиша Наталија и објави неколку од пораките кои ги добила.
Таа не е единствена на која ѝ се закануваат, речиси сите спортисти кои играат на врвно ниво, секојдневно се соочуваат со вакви гадости.