Срѓан Ѓоковиќ со интересна анегдота: Знаете ли какво државјанство му нудеа на син ми?

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан Ѓоковиќ, во интервју дадено за медиумите во Србија, или во емисијата на Миломир Мариќ за Хепи ТВ, раскажа една анегдота од минатото.

Срѓан Ѓоковиќ откри всушност дека неговиот син имал голема шанса во минатото да добие британско државјанство и заедно со Енди Мареј, да доминираат во Дејвис Купот во годините кои беа пред нив.

Со сопругата зборувавме со луѓе од Британија, нивната идеја беше да ги спојат Ѓоковиќ и Мареј, за долго да владеат во тенисот и да освојуваат Дејвис Купови. Ни нудеа државјанство, но сепак нашиот син е Србин, и не им дадов одговор веднаш, туку им реков дека ќе разговараме на таа тема и ќе им се јавиме“.

„Јас им објаснив во фамилијата што и како се работите, дека ќе имаат шанса таму да живеат во подобри услови. Но знаете каков беше одговорот на мојата сопруга и Новак? Никаков! Па ја нема таа сила која може да ве натера да се промените по тој терк. Ние сме срби и остануваме тоа до крај“, раскажува Срѓан Ѓоковиќ.