„Сребрените стрели“ во ново руво – зад сето тоа има голема кампања и причина

Новата сезона во Формула 1 е пред самиот почеток, по долго чекање на фановите, предизвикано од Ковид19.

Сезоната требаше да почне традиционално кон средината на март, но беше одложено за неколку месеци подоцна.

Сега се стекнати конечно какви такви услови за да гледаме тркање на патеката, а се ќе почне годинава од трката во Австрија.

Мерцедес сезоната ќе ја почне со драстично променет изглед на болидот, а зад сето тоа постои причина. Имено, Мерцедес се вклучува во борбата против расизмост, па затоа одлучија како вид на поддршка, болидот да им биде во темна варијанта, каде пишува „End Racism“, или крај за расизмот.