Србљак му се приклучи на Јотовски

175

Македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира во 2.коло на фјучрсот во Добој откако денеска во мечот од 1.коло со пресврт го совлада Лука Превосто од Италија со 2-1 во сетови. Во првиот сет противникот беше подобар и го доби сетот со 6:1 во гемови, а во следните два Србљак беше поуспешен со 6:4 и 6:3. Мечот траеше 156 минути.

Во следното коло тој ќе игра против четвртиот носител Мануел Жинар од Франција, кој со 2-1 во сетови во победи македонскиот тенсиер Стефан Мицов.

Пласман во втората рунда обебзеди и третиот носител Македонецот Томислав Јотовски, кој со 2-0 го совлада Австралиецот Дејн Пропоџиа.

Попладнево нашите тенисери ќе играат во конкуренција на двојки.