Србите го претепаа Нејмар, фудбалерот на ПСЖ неизвесен за остатокот од Мундијалот

Првата ѕвезда на бразилската репрезентација не го дочека крајот на натпреварот против Србија бидејќи мораше да го напушти теренот во 79. минута.

Причина за тоа беше исклучително грубата игра врз него бидејќи избраниците на Драган Стојковиќ сметаа дека од него доаѓа најголемата опасност. Статистиката вели дека врз Нејмар биле направени дури девет фаули што е неславен рекорд во првото коло од Светското првенство во кое ниеден друг фудбалер не е фаулиран повеќе од пет пати.

На крајот, кобен беше стартот на Миленковиќ при кој дојде до оток на десната нога на Нејмар и донесе неизвесност за неговата иднина на Мундијалот. Повеќе информации на оваа тема ќе бидат познати утре кога ќе се извршат и детални снимки на зглобот на бразилскиот ас.