Србија во неверојатен меч славеше во супер-дербито со Хрватска и ја освои Светската лига

Србија во денешното финале во Белград ја совлада Хрватска со 12:11 и така ја освои титулата во Светската лига и се пласираше на Олимписките игри.

Хрватска одлично го отвори мечот. По првата четвртина имаа предност од 1:3, за со третиот петерец „Баракудите“ на отворањето на вториот период да заминат на плус три (1:4).

Меѓутоа, Србија успеа да се врати. Иако домаќините беа нервозни, направија голем пресврт и со голот на Мандиќ дојдоа до водство од 6:3.

На пауза се замина со водство на Србија од 6:5, за потоа во третата делница Хрватска повторно да дојде во водство и со пресврт поведе со 7:8.

Фантастична завршница на мечот беше видена на отворениот базен на Ташмајдан. Филип Филиповиќ ја држеше Србија во водство, но Вукичевиќ на половина минута до крајот погоди за 11:11.

Србија на 17 секунди до крајот доби петерец. Филиповиќ ја презеде одговорноста и погоди за 12:11, за потоа Бијач во последниот напад да се обиде да го одведе мечот во продолжение, но Митровиќ одбрани и Србија ја освои Светската лига и обезбеди место на Олимписките игри.