Србија по 24-годишно чекање, успеа да се пласира на завршниот турнир на Европското првенство (ЕП) 2024 во фудбал во Германија. Претходно Србија, тогаш како СР Југославија која ја сочинуваа Србија и Црна Гора, настапи на ЕП 2000 година што се одржа во Белгија и во Холандија.
Во „историскито меч“ во Лесковац, Србија ремизираше со Бугарија, 2-2 што беше доволно за освојување на второто место во групата, зад Унгарија.
– Голем ден за српскиот фудбал, ова е подарок за српскиот народ. Србија дочека да има своја репрезентација на ЕП: Им честитам на фудбалерите кои се бореа и не се предаваа во ниту еден момент, и кога бевме во резултатски минус, изјави селекторот Драган Стојковиќ.
Од соседството пласман на ЕП 2024 обезбеди и Албанија, втор пат по ЕП 2016 во Франција,Од просторите на поранепшна СФР Југославија, покрај Србија, во завршницата на ЕП можат да се најдат Словенија и Хрватска.
На Словенците вечерва им е доволен и бод од дуелот со Казахстан, а на Хрватска која утре се среќава со Ерменија потребна и е победа, односно бод, доколку Велс не ја совлада Турција.