Србија ја совлада Шпанија во финалето од АТП Купот

Тениската репрезентација на нашиот сосед Србија, е освојувач на првото издание на АТП Купот годинава.

Србија во финалето денеска беше подобра од селекцијата на Шпанија со резултат 2:1.

Шпанија прво поведе против Србија преку победата на Баутиста Агут против Лајковиќ, за потоа Ѓоковиќ да го совлада Надал и Србија да се врати во егал ситуација.

Во решавачкиот трет меч во двојки, Ѓоковиќ во тандем со Троицки повторно беше подобар од Надал кој за партнер го имаше Пабло Карено Буста.