Спортскиот директор на МКФ за одлуката зошто решиле повторно Гевгелија да биде домаќин на Купот

Во комплексот Негорски Бањи денеска се одржа прес-конференција со која се најави завршниот турнир од Купот на Република Македонија.

Градоначалникот на Општина Гевгелија, кој ги поддржа локалните клубови Кожув и Блокотехна во организацијата на турнирот ги пречека претставниците на клубовите и посака финале помеѓу клубовите кои се организатори.

На пресконференцијата имаше претставници од сите екипи учесници во годинешниот куп кој повторно ќе се одржува на југот од нашата земја.

Спортскиот Директор на МКФ, Владимир Темелковски, го предаде трофејот во трајна вредност на претставниците на МЗТ Скопје Аеродром, и посака да трибините бидат исполнети до последно место.

Одлучивме Купот да се игра во град кадешто има два клуба од Првата лига и воедно има и одлични услови. Кожув и Блокотехна ги презедоа сите обврски да се организира овој голем настан. Сите кои сакаат кошарка се добредојдени да присуствуваат на овој настан, со ова се мисли и на навивачите. Дека Гевгелија може да организира меч со две навивачки групи, се покажа на мечот со Косово на кој Македонија беше домаќин“.

„Не гледам зошто да не се повтори истото сега. Кошарката се игра за навивачите, не се игра ниту за МКФ, за Градоначалниците, за тренерите, или други. Ако не сме спремни да ја рашириме магијата на кошарката до сите луѓе и до навивачите, тогаш за нас тоа е како пораз“, порача Темелковски.

ФОТО: МКФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По НБА одисејата – Теодосиќ повторно се враќа во Европа

Тажна вест од ТД Гарден: Замина легендата на „зелените“

(ВИДЕО) Брилијантниот меч на Јокиќ не беше доволен, Нагетси и Спарси ќе играат мајсторка

Штрковите триумфално во Куманово

АБА ја казни Звезда со најголемата казна во историјата на кошарката на овие простори

Хаос за фотелјата во МКФ: Поведена иницијатива за Наумоски да остане претседател

Антиќ заедно со Гечевски ја промовираше програмата за МКФ: Кошарката пак да биде спорт број еден!

МЗТ Скопје испушти златна шанса за враќање во АБА – Задар го врати брејкот

Будуќност буквално уништен: Црвена Звезда ги прегази и ја освои АБА лигата