Спортот во Македонија пред ново запирање: Новите мерки на Владата се РИГОРОЗНИ

Владата на Македониај изгласа нов општ протокол за организарање на спортски натпревари во услови на пандемија со Ковид 19.

„Со овој, нов протокол престанува да важи делот кој се однесува на организација на натпревари од поединечните протоколи за организација на работата на клубовите на спортските федерации и сите спортски федерации се должни ВЕДНАШ да ги корегираат своите наменски протоколи, односно одредбите од овој протокол да ги имплементираат во своите соодветни протоколи“, стои во документот за новиот опш протокол за организирање на спортски натпревари.

Ова значи дека овој протокол е универзален и истиот ќе важи за сите спортски настани во Македонија.

Според истиот кој е и тоа како ригорозен, во една од точките се вели:

„Спортските клубови се обврзани задолжително да спроведат ПЦР тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почеток на секој натпревар, од сопствени средства на клубот, со цел откривање на асимптоматски инфицираните лица“.

Ова во превод ќе значи нови трошоци за клубовите и оптоварување и на така кревките буџети. Се стравува дека ова ќе значи ново запирање на спортот во Македонија, особено во пониските, втори, трети лиги, како и во младинските натпреварувања.