Спортот не познава граници: На 38 години потпиша милионски договор

Во некои спортови, договорите одат до неверојатни граници

Вртоглавите бројки не се тајна, но кога на 38 години потпишувате договор вреден речиси милион долари, тоа секако е вест која буди интерес.Токму таква ситуација видовме во НХЛ.

Флорида Пантерс потпишаа договор со 38-годишниот Ерик Стал. Ветеранот потпиша едногодишен договор вреден 750.000 долари.

Наведените бројки ќе бидат само од договорот, не сметајќи ги бонусите, рекламите и другите придружни детали кои ги имаат ѕвездите на НХЛ.

„Ерик е искусен во оваа лига и одличен хокеар. Неговиот професионализам и ветерански начин на размислување ќе додадат вредност на нашата соблекувална на и надвор од мразот“, рече генералниот директор Бил Жито.