Според обложувалниците Англија фаворит на ЕП 2024

Според обложувалниците, Англија сеуште е прв фаворит на ЕП, а избраниците на Герет Саутгејт се на пат до полуфиналето со Швајцарија, кој покажа сериозен квалитет со доминантниот настап против Италијанците во осминафиналето.

Силите ќе ги одмерат во сабота на 6 јули во Дизелдорф.

Голем дел од играчите на Англија ќе мора да бидат дополнително внимателни бидејќи дури пет играчи имаат жолт картон од претходно и уште еден жолт картон би можел да ги суспендира за полуфиналниот меч, се разбира доколку воопшто ја поминат Швајцарија.

Поради вториот жолт картон против Словачка, суспендиран е Марк Гуехи, а во опасност од суспензија се и Џуд Белингем, Коби Мајно, Фил Фоден, Киеран Трипие и Конор Галагер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО