Според Берни, ова е проблемот поради кој Фетел не дојде до титула со Ферари

Берни Еклстоун не би имал ништо против да го види Себастијан Фетел во Мерцедес од идната сезона.

Влегуваме во период каде сигурно енормно ќе растат шпекулациите за иднината на Фетел, односно дали тој ќе се повлече или ќе се ослободи за него место во Мерцедес.

„Дедо“ Берни порача, тој не би имал да го види тандемот Хамилтон – Фетел.

„О да, би сакал да ги гледам заедно во Мерцедес, мислам дека тоа ќе биде добро за Формула 1, добро за спортот и за луѓето кои следат Ф1“.

На прашање зошто четирикратниот Ф1 шампион не дојде до зрела шанса да освои петта титула со Ферари, Берни одговори:

„Проблемот со луѓето од Италија е тој што тие немаат вистински лидер, човекот кој е задожен за тимот во основа е супер инжењер, но ништо повеќе од тоа“, рече Берни.