Спинацола дури и се фотографираше со шал на Рома, а трампата со Интер пропадна

Претходните неколку денови на големо се најавуваше размената на играчи помеѓу Рома и Интер, но сега тоа изгледа пропаѓа.

Во Интер требаше да потпише Спинацола, додека во спротивен правец кон Рим, требаше да замине Матео Политано.

Дури Политано и се фотографираше со реквизита на Рома, а сега таа трампа пропаѓа.

Проблемот настанал при здравствениот преглед на Спинацола, кој не успеал да ги мине потребните тестови и тоа е веројатно „планината“ поради која нема да може да се оствари трансферот.

Од Рома им порачале на Интер, дека повредата е минлива работа и дека во Спинацола ќе имаат добар играч, но сепак „нераѕурите“ го одбиваат тоа засега.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер и предложил две варијатни на Рома, или нови лекарски прегледи или само размена на играчите на позајмица без право на откуп, но Рома експресно ги одбила предлозите и трампата нема да се оствари.