Специјално признание за Маркус Рашфорд!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд доби признание за помош на децата од ранливите категории во Велика Британија, за време на пандемијата со корона вирусот.

Во претходниот период, особено во текот на летото, младиот напаѓач се истакна грижејќи се за оброците на неколку илјади деца. Дел од оброците плати сам, а дел обезбеди преку свои пријатели и спонзори.

Меѓу другото, Рашфорд изнуди специјален данок за детска сиромаштија кој веќе се плаќа во големиот супермаркети и ресторани низ Британија.