Ирскиот ММА борец, Конор МекГрегор е познат по тоа што е фан на Жозе Мурињо, а деновиве имаше средба со португалскиот тренер.
Тој моментално претстојува во Рим, а тоа патување го искористи попатно да добие и дрес од неговиот голем пријател.
Тренерот на Рома по средбата со Конор, излезе со импресии во јавноста;
„Имав средба со Конор, тоа беше огромно задоволство за мене, да се споделат одредени приказни и да му го подарам најубавиот дрес во градот“, порача Мурињо.