Спектакуларна партија на Кари против Денвер, Лејкерс повторно разочараа

Актуелниот шампион во НБА, ЛА Лејкерс синоќа повторно ги разочара своите навивачи затоа што беа поразени од Њу јрк Никс со 111: 96.

Лејкерси добро го отворија натпреварот и по првиот дел водеа со 28:26, но после тоа Никс го водеа главниот збор на паркетот.

Тимот од Њу Јорк успеа да стигне до пресврт во продолжението од мечот и убедлива победа бидејќи на крајот успеа да слави со 15 поени разлика.

Никс до победата ги предводеше Рендл кој постигна 34 поени и додаде уште десет скока и четири асистенции. Кај Лејкерс се истакна Шредер со 21 поен, три скока и шест асистенции.

Интересен натпревар одиграа Голден Стејт Вориорс и Денвер Нагетс. На крајот, Вориорс славеа со 116: 107 на крилата на Стеф Кари.

Одигра нереален натпревар кој заврши со дури 53 поени, шест скока и четири асистенции. Кари синоќа успеа да го собори и рекордот на Вилт Чембрлен, кој го надмина на листата најдобри стрелци, кој имаше рекорд од 17.783 поени, но Кари успеа да го надмине.