Спектакуларен Супер Боул, Брејди стана најдобар во историјата

Иако важеше а благ аутсајдер во дуелот со бранителот на титулата, Тампа Беј е нов шампион во НФЛ, откако во 55. Супер боул славеше против Канзас Сити со 31-9.

Во центарот на вниманието беше Том Брејди кој испиша историја во американскиот фудбал, освојувајќи ја седмата титула во својата кариера, прва откако лани си замина од Њу Ингланд Петриотс. Никој досега не освоил толку трофеи, па од денеска тој и официјално е една од легендите на американскиот спорт.

Тој и неговиот поранешен соиграч од Њу Ингланд, Роб Гронковски беа најзаслужни за триумфот. Првите два тачдауна ги реализираа тие двајца, а третиот го заврши Ентони Браун за 21-6 на полувреме. Канзас Сити на цел меч не успеа да направи ниеден тачдаун, но затоа Брејди немилосрдно газеше. Четвртиот го реализира преку Ленард Фурнет, а потоа со уште филдгол, Тампа Беј стави точка уште пред крајот на третата четвртина.

За Баканирс ова е втора титула во НФЛ лигата, а прва по пауза од 19 години. Франшизата е во сопственост на семејството Глејзер, во Европа попознато по тоа што го има и Манчестер Јунајтед.