Шампионската трка во Формула 1 е се понеинтересна благодарение на одличната форма во која се наоѓа Макс Ферстапен.
Your final top 10 before the summer break! #HungarianGP #F1 pic.twitter.com/qu1bk2Za9K
— Formula 1 (@F1) July 31, 2022
Актуелниот шампион триумфираше на денешната трка за големата награда за Унгарија на Хунгароринг иако стартуваше од десеттата позиција поради вчерашните лоши квалификации. Полека се доближуваше до челното место за на 15 круга пред крајот да го преземе, откако Луис Хамилтон замина во питстопот. На крајот, зад Ферстапен завршија двата болида на Мерцедес.
Сега Ферстапен има 258 бода, 80 повеќе од Леклерк, а во трката на конструктори Ред Бул е прв со 431 бод пред Ферари со 334.