Спектакуларен дебакл во Вегас: Летаа шахти, Ферари уништени

Првото Гран При на Лас Вегас започна со спектакл – или подобро кажано, спектакуларен дебакл.

На улична патека во оазата за коцкање во Невада за првпат се појавија дупки од шахтите кои испаднаа од лежиштата првиот пат кога над нив поминаа болиди на Ф1 со полна брзина.

На патеката се 30 и сите ќе треба да бидат тестирани, па прашање е дали денеска ќе има тренинзи.

Најголема штета претрпе автомобилот на Карлос Саинц. Неговото Ферари беше практично неупотребливо откако удри во една од дупките што се појавија рано утринава на првиот неофицијален тренинг пред трката.

Неофицијално, до опасноста по живот на возачот дошло бидејќи еден од кооперантите во подготовката на „гламурозната трка“ не го завршил своето и не ги заварил шахтите.