Спектакл во најава: Ракометен меч на „вечните“ кој ќе сакаат сите да го гледаат!

Ракометната федерација на Македонија ја разгледува опцијата да се одигра ревијален натпревар помеѓу ракометните легенди на Македонија, против актуелните играчи во репрезентацијата.

Доколку се оствари тоа, тоа ќе биде всушност и проштален натпревар за Кире Лазаров, кој остава сериозни бројки зад него во кариерата, нешто кое треба да биде пример за достигнување на младите ракометари.

Според информациите, за екипата на ветераните, треба да одиграат Алушовски, Стоилов, Јоноски, Миркуловски, Ангелов, Димовски, Мојсовски и Лазаров.

Датумот за овој натпревар се уште не е прецизиран, но тоа треба да се случи во следните недели, а најавите се дека мечот може да биде одигран во декември.