Шпанија покажа големина: Му врачи отказ на Лопетеги на ден пред стартот на СП!

2378

Она што беше најавено утрово и се реализираше-  Хулен Лопетеги доби отказ од клупата на Шпанија на само еден ден пред почетокот на Светското првенство во Русија.

Вакво нешто не се памети, а уште повеќе од една селекција како Шпанија. Тамошните медиуми пишуваат – ГОЛМЕ СКАНДАЛ, НЕЗАПАМТЕН СКАНДАЛ, НАЈГОЛЕМ СКАНДАЛ НА МУНДИЈАЛИТЕ…

Оваа одлука беше соопштена на вонредната прес конференција која што се одржа точно напладне, а одлуката ја соопшти првиот човек на шпанскиот фудбал,Луис Рубиалес.

Оваа одлука се должи на тоа што Лопетеги потпиша за Реал Мадрид и во тајност преговарал со „кралевите“ додека паралелно ја подготвувал фуријата за настап на СП.

Иако се уште се чека одлука кој ќе ја води Шпанија на Мундијалот, се претпоставува дека тоа ќе биде селекторот на младата репрезентација Алберт Целадес, а помошник ќе му биде Фернандо Хиеро