Совет до Ѓоковиќ: Вакцинирај се, оди во Австралија, бидејки Надал ќе ти ја смени историјата

Австралија Опен наближува а се уште не е познато дали Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од овој престижен Гренд слем турнир.

Се разбира најголемо е вниманието кај навивачите, но и кај тенисерите, бидејки со негово евентуално отсуство, шансите за триумф растат кај секој друг тенисер.

Легендарниот Џим Куриер, тврди дека Ѓоковиќ треба да се вакцинира, затоа што на коцка ја става историјата на тенисот.

Тој Австралија Опен е пресвртница за Новак Ѓоковиќ, затоа што тогаш Надал би имал голема шанса да го освои турнирот доколку ездрав. Шпанецот тогаш би имал трофеј повеќе од Србинот, или два. Многу му зависи на Ѓоковиќ од ова, во прашање е историјата на светскиот тенис, треба да се вакцинира и да игра“, порача Куриер.