Социјалните мрежи вријат: Навивачите на Вардар бараат итно заминување на еден човек

Екипата на Вардар новата сезона во Лигата на шампионите ја започна неповолно откако вечерва загуби од Мешков Брест со резултат од 22-24.

Па така „црвено-црните“ од гостувањето во Белорусија се враќаме со неуспех иако пружија силен отпор и се чинеше ја имаат победата на дофат.

Сепак во финишот на мечот при предност на Вардар од 21-22 се случи голем пад во играта, што ги чинеше бодови.

По крајот на мечот на социјалните мрежи навивачите на Вардар вина за овој неуспех најдо во тренерот Стевче Алушоски за кога сметаат дека треба да си замине од клубот и да биде сменет со нов предводник.

Овие коментарии се провлекуваа извесен период наназад, но сега кулминираа. Незадоволството кај навивачите е големо и видливо, па останува да видиме што ќе се случи.