СОСТАВИ: Ангеловски со сменета формација и со Елмас од првата минута против Словенија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство на гостински терен во Љубљана против репрезентацијата на Словенија.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи за неколку промени во стартниот тим. Најпрво, Македонија ќе истрча во формација 3-5-2, а освен тоа, во тимот ќе има и двајца нови играчи во однос на првиот натпревар, а тоа се Елиф Елмас и Егзон Бејтулаи.

На голот повторно е Столе Димитриевски, одбранбената тројка ќе ја сочинуваат Велковски, Муслиу и Бејтулаи, а помош ќе имаат од Алиоски и Ристовски кои ќе играат како крилни бекови, на левата, односно десната страна.

Во средниот ред ќе бидат Емлас, Николов и Барди, а во нападот се Горан Пандев и Илија Несторовски.

Матјаж Кек, пак, се одлучи за Облак на голот, Струна, Мевља, Стојанович и Јокич во одбраната, Куртич, Крхин и Зајц во средината, а во нападот се Иличич, Шпорар и Вербич во формација 4-3-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!

Докторот му најавил дека ќе умре, а тој почина следниот ден за време на натпревар